Македонија

Гостивар чека чиста вода, партиите се обвинуваат за кризата

06.08.2026 19:10

Водата во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење, а граѓаните секојдневно се редат на пунктовите за вода. Додека трае хиперхлорирањето и се чекаат нови анализи, политичките партии водат битка околу вината за загадувањето.

Кој како умее така се снаоѓа со вода за пиење во Гостивар. На пеколни температури од гостиварскиот „Водовод“ бактериолошки загадена е само за техничка употреба, но не и за пиење. 40 до 50 гостиварци дневно доаѓаат за преглед во болницата или брзата помош.

И додека гостиварци наутро наредени на пунктовите чекаат вода и се надеваат дека проблемот наскоро ќе се реши, партиите се обвинуваат кој е виновен за загадувањето на гостиварскиот водовод со фекални бактерии. Во водата има опасни бактерии, а граѓаните на Гостивар сега треба да чекаат уште две недели за официјалните резултати. Тогаш врз основа на кои резултати ја прогласија водата дека е „технички исправна“ и може да се користи? – прашуваат во СДСМ.

Во ВМРО-ДПМНЕ реплицираат: додека СДС беше на власт, проблемите се оставаа да се таложат, а граѓаните никогаш не добија отчет што било преземено по сите тие наоди и анализи.

Водата во Гостивар веќе извесен период се хиперхлорира, бидејќи во неа сè уште е присутна бактерија. Останува забраната за консумирање на водата од гостиварскиот водовод.

Миле А. Ристески