Македонија

АМСМ: Зголемен интензитет на сообраќајот на патните правци надвор од градовите

07.08.2026 08:40

На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива умерено,  без поголеми пречки и по суви коловози, информираат утрово од Автомотосојузот на Македонија (АМСМ). 

од АМСМ сепак предупредуваат на внимателност при возењето надвор од градовите, бидејќи информираат дека е зголемен интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини. 

На граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ апелираат до возачите да ја приспособат брзината на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да управуваат внимателно, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што е можна појава на одрони.