свет
Јапонија: Евакуација на жители поради тајфунот Делфин
07.08.2026 14:52
Три лица се повредени, а над 500 летови се откажани...

Околу 260 илјади жители во југозападна Јапонија добија наредба за евакуација поради тајфунот Делфин, кој донесе ветрови со брзина до 200 километри на час. Три лица се повредени, а над 500 летови се откажани.
Властите предупредуваат на силни дождови, поплави и можни штети. Прекинато е и производството во неколку фабрики на Тојота.
