Трамп е оптимист за постигнување на договор со Иран
Во меѓувреме, продолжуваат индиректните преговори со посредство на Оман, Катар и Пакистан за безбедна пловидба низ Теснецот.

Американскиот претседател Доналд Трамп е оптимист дека конфликтот со Иран би можел да заврши многу скоро. Рече дека сѐ уште не е постигнат договор за целосно отворање на Ормускиот Теснец, но оцени дека ситуацијата е под контрола и дека преговорите се движат во добра насока.
„Не би сакал да кажам дека е постигнат договор. Теснецот во моментов е делумно отворен. Имаме поморска блокада предводена од американската морнарица и ние ја контролираме ситуацијата. Но, секогаш постои можност некој да отвори оган или да постави мина. Сепак, мислам дека ситуацијата добро се развива. Вклучен сум во преговорите и сметам дека засега работите се одвиваат во добра насока“, истакна Трамп.
Во меѓувреме, продолжуваат индиректните преговори со посредство на Оман, Катар и Пакистан за безбедна пловидба низ Теснецот. Техеран предупреди дека договорот со Оман не е доволен за целосна безбедност, додека трае американската поморска блокада. И покрај дипломатските напори, повторно ima пријавени експлозии во близина на танкер покрај брегот на Оман.
