Охрид ќе добие современа марина

27.09.2014 17:30

Охрид ќе добие современа марина по сите светски стандарди. Тоа е договорено помеѓу министерствата за транспорт и врски и за одбрана, охридската локална самоуправа и охридската капетанија.

Охрид ќе добие современа марина по сите светски стандарди. Тоа е договорено помеѓу министерствата за транспорт и врски и за одбрана, охридската локална самоуправа и охридската капетанија.

Марината ќе се гради по пат на јавно приватно партнерство, на потегот помеѓу каналот Студенчишта и хотелот „Парк#,а во моментот се работи на измените на генералниот урбанистички план. При тоа како што вели охридскиот градоначалник, Никола Бакрачески ќе се води сметка да се заштити она што останало од студечишкото блато кое со шут и други видови отпад е деградирано во изминатите четири децении.

„Интенцијата е да се реализира по пат на јавно-приватно партнерство за да се отвори можност за влез на приватен партнер во градба на една ваква марина.Треба да се обезбеди земјиште,локација која што ќе му овозможи на приватниот партнер да гради придружни објекти од кои што би ја повратил вложената инвестиција.Од тој аспект гледано претпоставивме дека е најдобро таквата марина да се гради на тој потег“, рече Никола Бакрачески, градоначалник на Охрид.