МВР

Скопјанец со 3,29 промили алкохол предизвикал сообраќајка, возилото му е одземено

07.08.2026 11:08

Триесет и четиригодишен скопјанец е приведен откако со 3,29 промили алкохол во крвта предизвикал сообраќајна незгода на улицата „Пролет“ во Скопје. Во несреќата е причинета материјална штета, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 34-годишниот И.А.Л. од Скопје, кој под дејство на алкохол предизвикал сообраќајна незгода во главниот град.

Според информациите од МВР, незгодата се случила околу 15:10 часот на улицата „Пролет“, кога И.А.Л., управувајќи патничко возило „матиз“ со скопски регистарски ознаки, се судрил со патничко возило „хонда“, управувано од 20-годишниот Д.П. од Скопје. Во незгодата била причинета материјална штета.

При увидот, полицијата утврдила дека возачот на „матизот“ бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 3,29 промили алкохол во крвта.

За случајот бил известен јавен обвинител, возилото било одземено, а по целосното документирање на настанот против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.