МВР

Претрес во Старо Нагоричане: Пронајдени три пушки, приведен 77-годишен кумановец

07.08.2026 18:14

Полицијата приведе 77-годишен жител на Куманово по претрес во село Стрезовце, општина Старо Нагоричане, при што биле пронајдени и одземени една ловечка и две воздушни пушки. Против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Куманово вчера попладне го лишиле од слобода 77-годишниот К.И. од Куманово поради сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

При претрес со судска наредба во неговите простории во селото Стрезовце, општина Старо Нагоричане, полицијата пронашла и одзела една ловечка пушка и две воздушни пушки.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосното документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.