Колумбија
Инаугурацијата на новиот претседател на Колумбија ќе се случи во Кали, наместо во главниот град Богота
07.08.2026 19:46
Властите распоредија полиција и војска поради најавени протести на поддржувачи на досегашниот претседател.

Под силни безбедносни мерки, Колумбија се подготвува за инаугурација на новоизбраниот претседател Абелардо де ла Есприела во Кали, наместо во главниот град Богота.
Властите распоредија полиција и војска поради најавени протести на поддржувачи на досегашниот претседател, Густаво Петро.
Де ла Есприела, кој победи на изборите во јуни, најави пресврт во безбедносната политика, со прекин на преговорите со вооружените групи и поостри мерки против криминалните групи.
