Пукање во училиште
Пукање во училиште во тајланд. Според првичните информации, ученик убил наставник, повредил повеќемина и сам се самоубил...

Училишниот ден во Тајланд се претвори во трагедија. Наместо часови и детска врева, во средно училиште во близина на Бангкок одекнаа истрели. Во училиштето „Дебсирин Нонтабури“, кое го посетуваат околу 3.000 ученици, 14-годишен ученик од деветто одделение отвори оган и усмрти неколку ученици и наставници, по што си го одзел животот. Во нападот има и тешко повредени.
Според информациите на полицијата, на инцидентот му претходел уште еден крвав пир. Момчето пред да го изврши масакрот, во домот ги убило неговите баба и дедо, и тоа со пиштолот на дедото, кој исто така бил учител. Продолжува истрагата за мотивите за нападот.
Сведоците раскажуваат за ужасните моменти на паника и страв. Учениците се криеле под клупите додека се слушале истрели, а потоа наставниците и спасувачките екипи започнале итна евакуација на училиштето.
Ова е едно од најсмртоносните училишни пукања во Тајланд во последните години. Во февруари, во сличен инцидент на југот од земјата, 17-годишник отвори оган во училиште и зема заложници. Во двочасовниот напад загина едно лице, а две беа повредени.
Бојана Крстевски
