Сисетемот за разладување „Канат“ изводлив и кај нас
Македонија под вршник. Портокаловата фаза донесе сув и топол воздух, и екстремно високи температури. Тешко се дише и дење и ноќе. Земјава се соочува со последиците од климатските промени – експертите советуваат да се бараат решенија или да се применуваат искуства од други држави, за да се обезбеди поголема свежина за населените места.

Замислете ја свежината на планински поток среде градски плоштад на плус 40 целзиусови степени, или можеби на автобуска постојка па дури додека спортувате. И не дека не е возможно туку веќе се применува во пеколно топлиот град Севиља каде е развиен Канат системот според древна персиска техника. Земјава има предуслови, но најевтино и најефикасно би било да се вгради во средини каде почнува да се градат населби или квартови, вели за МТВ метеорологот Секирарски.
Секирарски предупредува дека час поскоро треба да се размислува за примена на оваа техника бидејќи сега со клима уредите кои го исфрлаат топлиот воздух од домовите уште повеќе го затоплуваме воздухот во околината. Наместо тоа најдобро е сувиот воздух кој е најголемиот ризик за пожарите да се пренасочи за каналите за разладување. А јужните краишта изобилуваат со него.
Во Севиља е изграден најголемиот Канат слив кој се користи за разладување на јавни површини на отворено. Неговиот креатор универзитетскиот професор Хозе Санчез за МТВ изјави дека овој концепт е условен од последиците од климатските промени, како големите жештини и добро е секоја земја да почне да го применува.
Фиљана Кока
