Уставен суд за прв пат пријави судија за непочитување судска одлука
Станува збор за предметот на новинарката Наташа Стојановска за упадот во собранието на 27 април, каде со две пресуди (од граѓанскиот и од апелација) е утврдена повреда на слободата на јавно изразување на мислата.

Преседан во правосудството - Уставниот суд за првпат од своето постоење примени нов механизам за заштита и извршување на сопствените одлуки.
Јавното обвинителство и судскиот совет се известени дека судија од граѓанскиот суд не ја извршил одлуката на уставен.
Станува збор за предметот на новинарката Наташа Стојановска за упадот во собранието на 27 април, каде со две пресуди (од граѓанскиот и од апелација) е утврдена повреда на слободата на јавно изразување на мислата.
И покрај тоа, предлогот за повторување на постапката во основниот граѓански суд е отфрлен, по што уставен реши да го примени овој механизам.
