Македонија

Нов протест на струмичките земјоделци – бараат повисоки откупни цени на „ајварката“

07.08.2026 18:34

Струмичките земјоделци втор ден како протестираат незадоволни од откупните цени на познатата „ајварка“ и побараа повисоки цени и исплата на ланските субвенции. Во Струмица беше и министерот за земјоделство кој кажа дека во рамките на своите надлежности ќе се засилат контролите по откупните пунктови...

Повисоки откупни цени, навремена исплата на предадените количини и исплата на ланските субвенции. Оваа се барањата што ти упатија струмичките земјоделци од денешниот протест каде повторно го изразија своето незадоволство од ниските откупни цени.

Понудените цени од конзервните фабрики и откупувачи не се прифатливи. Земјоделците сметаат дека имаат огромни трошоци за производство на црвените пиперки

Министерот за земјоделство Борче Серафимовски денеска оствари средба со производителите и откупувачите. Во соопштението до медиумите информираа дека ќе бидат засилени контролите од Државниот земјоделски инспекторат по откупните пунктови а идната недела ќе има средба и со преработувачите

Ване Трајков