Скопје
Мотоциклист загина во сообраќајна несреќа на патот Радишани – Побожје
07.08.2026 15:17
Дваесет и едногодишен мотоциклист загина попладнево во сообраќајна несреќа што се случила на патот Радишани – Побожје. Во несреќата учествувале автомобил и мотоцикл.

Дваесет и едногодишен мотоциклист го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случила на патот Радишани – Побожје.
Информацијата за МИА ја потврди раководителот на смена во Итната медицинска помош – Скопје, доктор Драган Панов.
Како што информираше Панов, по пристигнувањето на екипата на Итната медицинска помош, кај мотоциклистот биле констатирани отсуство на витални знаци и смрт на лице место.
Околностите под кои се случила несреќата и причините за неа се утврдуваат.
