Викендов бесплатно кино на отворено во Драчево
На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски.

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Македонија, овој викенд организира бесплатни филмски проекции на отворено во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево.
На програмата се две познати македонски остварувања во режија на Дарко Митревски.
Утре (сабота), од 20 часот, ќе се прикажува филмот „Бал-Кан-Кан“. Публиката ќе има можност да ја погледне оваа комедија со актерските остварувања на Владо Јовановски, Тони Михајловски, Адолфо Марџота, Ѕвездана Ангеловска, Никола Којо, Бранко Ѓуриќ, Владимир Ендровски, Петар Божовиќ и Наџи Шабан.
На 09.08.2026 (недела), од 20 часот, на репертоарот е „Трето полувреме“, филм инспириран од вистински настани, со улогите на Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Ричард Самел и Раде Шербеџија.
Влезот за двете проекции е слободен. Ги покануваме сите љубители на филмот да ни се придружат со своите семејства и пријатели на оваа викенд-дружба посветена на македонската кинематографија.
