Одбележување

Денеска се одбележуваат 25-години од „Карпалак“

08.08.2026 09:26

Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на армијата ќе положи венец во спомен на деветмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската армија, кои во 2001 година ги загубија животите кај месноста „Карпалак“...

Се одбележуваат 25-години од „Карпалак“. Делегација од Министерството за одбрана и Генералштабот на армијата ќе положи венец во спомен на деветмината прилепски бранители од резервниот состав на македонската армија, кои во 2001 година ги загубија животите кај месноста „Карпалак“ и пред спомен-обележјето на македонските херои во центарот на Прилеп.

Вечерва во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп пред спомен-обележјето се оддава почит и потсетување на 8 август 2001-та.