украина-србија

Зеленски во прва официјална посета на Србија

08.08.2026 10:03

Володимир Зеленски пристигна во Белград, во прва официјална посета на Србија, каде се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. Европскиот пат на двете земји, унапредувањето на економската соработка и безбедносните прашања се во фокусот на разговорите.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски пристигна во Белград, во прва официјална посета на Србија, каде се сретна со српскиот претседател Александар Вучиќ. Европскиот пат на двете земји, унапредувањето на економската соработка и безбедносните прашања се во фокусот на разговорите.

 „Украина е секогаш подготвена да работи конструктивно, за заемна корист и врз основа на заемно почитување“, порача Зеленски. Предвидено е и потпишување меморандум за соработка во областа на безбедноста на храната. Посетата се одржува во услови на блиски односи меѓу Србија и Русија, додека продолжуваат руските и украинските напади со ракети и дронови.