Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат
Во напад на Хутите врз саудискиот регион Наџран се повредени 11 цивили. Без конечен договор заврши и седмата рунда разговори меѓу Израел и Либан во Рим.

Тензиите на Блискиот Исток продолжуваат. Додека Вашингтон најавува можен скорешен крај на војната со Иран, Техеран тврди дека американската дипломатија не успеала. Во напад на Хутите врз саудискиот регион Наџран се повредени 11 цивили. Без конечен договор заврши и седмата рунда разговори меѓу Израел и Либан во Рим.
Во меѓувреме, Иран повика на единство меѓу муслиманските земји, откако Саудиска Арабија, Турција и Пакистан потпишаа договор за заедничка одбрана. Иранскиот министер за надворешни работи Аракчи порача дека иранските вооружени сили покажале сила и подготвеност во соочувањето со, како што рече, „најскапата армија во светот“.
Договорот предвидува напад врз една од трите земји да се смета за напад врз сите и продлабочување на нивната одбранбена соработка.
