СОНК нема поддршка за штрајк

27.09.2014 18:23

Наставниот кадар кој не го подржуа штрајкот со став, СОНК може да преговата со надлежните министерства за подобрување на воспитно образовниот процес, но не на сметка на наставниот процес и учениците...

Министерството за образование и наука го повика раководството на СОНК на преговори за актуелните состојби во образованието, наспроти најавениот штрајк на синдикална организација.

„Согласно повиците на СОНК во изминатите неколку денови за продолжување на разговорите во рамки на социјалниот дијалог, Министерството за образование и наука го повикува на средба раководството на синдикалната организација, во недела во 11:00 часот во просториите на Министерството“, се наведува во соопштението од МОН.

Од МОН велат за оваа календарска година ќе има зголемување на платите на вработените за четири отсто, кое што во следните години ќе зависи од буџетските можности. Прифакаат и дебата за унапредување на системот на екстерното тестирање, за зголемување на знаењето на учениците и подигнување на објективноста на наставниците при оценувањето.

Наставниот кадар од повеке основни и средни училишта и градинки низ државава не го поддржуваат најавениот  штрајк на СОНК. Порака до родителите, настава ќе има. Учениците да не се злоупотребуваат за било какви цели.

„Наставата во понеделник во сите охридски училишта ќе се одвива редовно“, рече Јордан Пуроски, претседател на актив на директори на училиштата во Охрид.

„Наставниот процес ќе си тече најнормално без никакви пречки“, вели Горан Јанков, директор на средното хемиско училиште,,Димитрија Чуповски“ во Велес.

„Нема најава од страна на наставниците дека го поддржуваат генералниот штрајк на СОНК, односно нема да учествуваат во штрајкот со што воспитно образовниот процес непречено ќе се одвива“, рече Весна Јованова, директор на ОУ„Гоце Делчев“ во Неготино.

„Ние како раководители на училиштата и на основното и на средното образование ќе обезбедиме непречен процес ан воспитно образовната работа“, рече Билјана Рахманова- Тасева,  директор на ОУ„Стив Наумов“ во Битола.

Наставниот кадар кој не го подржуа штрајкот со став, СОНК може да преговата со надлежните министерства за подобрување на воспитно образовниот процес, но не на сметка на наставниот процес и учениците.

Наташа Гркова-Петрушевска