Шпанија воведува гранични контроли кон Италија
Мадрид ќе ги проверува патниците што пристигнуваат од Италија со авион или брод, откако Рим претходно воведе слични мерки по масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута.

Шпанија воведува гранични контроли кон Италија, дополнително продлабочувајќи го спорот меѓу двете земји околу миграцијата. Мадрид ќе ги проверува патниците што пристигнуваат од Италија со авион или брод, откако Рим претходно воведе слични мерки по масовниот прилив на мигранти во шпанската енклава Сеута.
Италија одбива да ги повлече контролите и порача дека нема да прифаќа „ултиматуми“. Шпанија најави дека нејзините мерки ќе важат до 7 септември, со можност за промена доколку се промени ситуацијата. Во меѓувреме, околу 6.000 мигранти, од кои, над 1300 деца и натаму се наоѓаат во Сеута. Властите најавија префрлање на малолетниците во другите делови од земјата.
„Приоритет им даваме на најранливите групи, односно на девојчињата и децата помлади од 13 години, кои ги има во значителен број. Профилот на миграцијата е променет, со повеќе малолетни девојчиња и многу мали деца без придружба. Но, сите малолетници во Сеута ќе бидат згрижени и ќе работиме на нивно што побрзо префрлање и соодветно сместување во другите делови на Шпанија“, изјави Сира Рего - министерка за млади и деца на Шпанија.
