Струмица

Топлотниот бран неповолен за градинарските култури

08.08.2026 17:50

Не само за луѓето, високите температури се неповолни и за градинарските посеви. Во Струмичко веќе се забележани бактериски заболувања. Ова за земјоделците значи дополнителни трошок за зачувување на веќе засеаното. Агрономите апелираат на механичка и биохемиска заштита на посевите, но и на адаптација на производството на климатските промени.

Топлотниот бран со високи температури и долгата суша веќе предизвикува штети кај земјоделските посеви во струмичко. Земјоделците се обидуваат по секоја цена да го спасат производството кое веќе е подложно на болести и гниење на самите растенија

Земјоделците мора да го прилагодат своето производство на климатските промени. Земјоделските агрономи бараат примена на заштитни мрежи но и биохемиска заштита на самит е посеви

Минатиот месец во подбеласичкиот регион од град страдаа овоштарници и посевите со бостан. Се поизразените климатски промени ги зголемуваат штетите во земјоделството претежно на отворено.

 

Ване Трајков