25 години од Карпалак, оддадена почит на десеттемината македонски херои
Се одбележаа 25 години од Карпалак. Оддадена почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години го положија својот живот бранејќи ја татковината. Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава.

Пред 25 години на Карпалак се случи една од најголемите трагедии во поновата историја на Македонија. А по 25-пат стоиме на обична банкина, без никакво спомен обележје, порачаа преживеаните од Карпалак од местото на заседата кога на 8 август 2001-та воениот конвој од прилепската касарна беше нападнат и загинаа 10-мина бранители. Не се постигнати ни некои права, дел од преживеаните починаа од последица на траумите.
Навредени се што последни оддаваат почит, а никој од надлежните не се нашол на местото.
Во центарот на Прилеп пред споменичниот комплекс е централното чествување на 25 годишнината од Карпалак.
Елизабета Митреска
