Покрај економската, Србија се соочува и со можна енергетска криза
Покрај намалување на платите и пензиите, во Србија се најавуваат отпуштања и можна енергетска криза. Во Буџетот пари нема, a вредноста на динарот секојдневно опаѓа, со што линерното намалување на платите и пензиите реално ќе биде поголема од 10%-констатира економскиот аналитичар Сијка Пиштолова.
„Со мерките куповната моќ на граѓаните ќе се намали,а за тоа ќе придонесе и инфлацијата. Според моите проценки, инфлацијата ќе изнесува околу 5% со што вкупно ќе има намалување за 15%“, вели Сијка Пиштолова, директор на Energyobserver.

Државниот долг на Србија на крајот на август достигна 21,88 милиони евра, што претставува 67,9 проценти од српскиот БДП. Како што соопшти Министерство за финасии, во споредба со јули државниот долг на Србија е зголемен за околу 940 милиони евра. За да го пополни најголемиот буџетски дефицитот во Европа -премиерот Вучиќ најави болни економски мерки за да заштеди стотици милиони евра! Но сето ова не го решава проблемот-констатира Пиштолова.
„Заштедата на 700 милони евра која ја најви Вучиќ е добра, но не го решава проблемот, затоа што според мојата проценка, дупката во буџетрот е многу поголема од 700 милиона евра. Дај боже да не сум во право“, вели Сијка Пиштолова, директор на Energyobserver.
Србија трошела повеќе отколку што можела. Таа нема да банкротира, смета Пиштолова, но граѓаните ќе мора многу повеќе да штедат. Во меѓувреме ММФ веќе побара да се намали бројот на вработени во јавниот сектор за 5% -или за 25.000 вработени. Големите проблеми меѓу кои се и поплавите, се причина, како што најави министерката Зорана Михајловиќ –покрај економска и за можна енергетска криза.
Платите во јавниот сектор се повисоки за 40 % од приватниот сектор- напомена Вучиќ. Во периодот 2008-2012 година Србија била задолжена од осум на 17,67 милијарди евра. Приватниот сектор е уништен, а „темелно се уништувало секое јавно претпријатие“.
Несомнено Србија ја чекаат тешки реформски мерки и стегање на ременот.
Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ