Повредениот од Турција пренесен во Скопје
Скопјанецот кој на летување во Кушадаци, при пад од тобоган го повреди ’рбетниот мозок со владиниот авион беше транспортиран од Турција во Македонија. Под будното око на тим за медицински транспорт го донесоа во Ургентниот центар во Скопје. Пациентот бил опериран во Турција и сега е сместен на Интензивна нега на Клиниката за Тоарилиц. Повредата е тешка.

28-годишникот скопјанец кој на летување во Кушадаци, при пад од тобоган го повреди ’рбетниот мозок со владиниот авион беше транспортиран од Турција во Македонија. Под будното око на тим за медицински транспорт го донесоа во Ургентниот центар во Скопје. Пациентот бил опериран во Турција и сега е сместен на Интензивна нега на Клиниката за Тоарилиц. Повредата е тешка.
Пациентот е сега во стабилна состојба – дише самостојно, ги движи рацете што е добар знак, велат лекарите. Состојбата треба да се му се подобри со физикалната терапија во спиналниот центар.
Мерџаноски смета дека на земјава е и потребен специјализиран авион за транспорт на пациенти со слични повреди.
Александра Спировска
