Свет

Нов бран шумски пожари во САД, Канада и Европа

09.08.2026 11:08

Пожари го зафатија и северниот дел на Италија, каде во близина на езерото Гарда привремено беа евакуирани околу 200 луѓе. Огнот е ставен под контрола.

САД, Канада и Европа се соочуваат со нов бран шумски пожари. Во Британска Колумбија е прогласена вонредна состојба, а над 20 илјади луѓе се евакуирани поради повеќе од 100 пожари, од кои речиси половина се надвор од контрола.

Пожари го зафатија и северниот дел на Италија, каде во близина на езерото Гарда привремено беа евакуирани околу 200 луѓе. Огнот е ставен под контрола.

Во регионот, и натаму гори во Србија, додека сушата и историски ниското ниво на Дунав создаваат сериозни проблеми со енергетиката, транспортот и туризмот.