Регион
Косово во политички ќорсокак
09.08.2026 12:27
Опозицијата тврди дека рокот за конституирање на парламентот истекол и дека седницата е неуставна.

Инцидент во косовскиот парламент. Конститутивната седница во Приштина прекината откако опозициски пратеници фрлаа јајца кон в.д. премиерот Албин Курти откако тој побара дополнително време за преговори со опозицијата, со цел да избегне нови избори.
Барањето беше одобрено, но опозицијата тврди дека рокот за конституирање на парламентот истекол и дека седницата е неуставна.
Косово со месеци е во политички ќорсокак, а рокот за конституирање на парламентот, според одлуката на Уставниот суд, истече на полноќ.
