Скопјанец фатен со 2,13 промили алкохол и без возачка дозвола, полицијата му го одзеде возилото
Скопјанец на возраст од 41 година е лишен од слобода откако полицијата го затекнала како управува „опел“ со 2,13 промили алкохол во крвта, а притоа немал ниту возачка дозвола. Возилото е одземено, а против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Скопјанец е лишен од слобода откако бил затекнат како управува возило под дејство на алкохол и без возачка дозвола.
Како што информира МВР, на 9 август во 00:01 часот, на локалниот пат Илинден – Марино, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В. (41) од Скопје.
При контролата било утврдено дека тој управувал патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки под дејство на алкохол. На алкотестот му биле измерени 2,13 промили алкохол во крвта.
Дополнително, било констатирано дека возел и без да поседува возачка дозвола.
За случајот бил известен јавен обвинител, а возилото е одземено. По целосното документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава согласно член 297-а од Кривичниот законик.
Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите.
