Здравство

Прилепското хируршко одделение – регионален центар за ургентна патологија и оператива

09.08.2026 13:01

Прилепската болница се доекипира со персонал и со опрема. Хируршкото одделение почна со нови, лапароскопски методи и стана регионален центар за ургентна патологија и оператива. Воведува нови, современи светски методи на операции, а пациенти има речиси од сите региони.

Секакви ургентни операции, тумори на тенко и дебело црево, екинококова болест на црниот дроб, сите видови кила, лапароскопски оперативни зафати на жолчка и да се стигне до инвазивни операции на тумори. Дури 90 проценти од пациентите не треба да патуваат и да плаќаат приватни хируршки зафати. Прилепското хируршко одделение во моментов е Регионален центар за ургентна патологија и оператива.

Има опрема и седум хирурзи, тројца уролози и седуммина специјализанти. Преку современи методи ќе се стигне до комплицирани зафати.

Од 150 милиони денари инвестиции, 110 милиони се средства на болницата, а 40 милиони се донации. Вработени се 11 специјализанти од приватното здравство, а ќе има уште шест до седум вработувања.

Елизабета Митреска