Битола

Детските амбуланти полни, педијатрите апелираат на внимателност

09.08.2026 14:15

Високите температури и летните активности го зголемуваат ризикот од дехидрација, инфекции и повреди кај најмладите. Педијатрите апелираат на внимателност, особено кај доенчињата и децата до пет години.

Високите температури, изложеноста на сонце, престојот во вода, промените во исхраната и патувањата, можат да доведат до различни здравствени проблеми кај најмладите. На детското одделение во битолската болница, околу 20 дечиња на ден добиваат терапија во дневна болница, а бројот на прегледи за викенд достигнува и до педесетина.

Битола е преполна со туристи и повратници од странство, кои остануваат подолго време и немаат матичен лекар, па помош бараат дирекно на детското одделение во клиничката болница.

Посебно внимание е потребно кај доенчињата и децата до петгодишна возраст, кои побрзо губат течности и потешко ги поднесуваат високите температури.

Апелот од педијатрите останува-превенцијата е најважна.

И додека високите температури продолжуваат, лекарите апелираат на особена внимателност. Летото носи и други ризици-контакт со нечисти води, расипана храна и повреди при игри.

Александра Максимовска