Воен конфликт

Москва напаѓа, Киев возвраќа-жртви и повредени на двете страни

09.08.2026 16:03

Напади со балистички ракети и дронови се регистрирани и во Одеса и Павлоград. Од друга страна, украинските сили нападнаа со дронови во Белгород.

Нови руски напади во Украина – има жртви и десетици повредени на двете страни. Русија со дрон удри во Харков, погодена e станбена зграда. Москва тврди дека цел биле магацини со дронови и воена опрема.

Напади со балистички ракети и дронови се регистрирани и во Одеса и Павлоград. Од друга страна, украинските сили нападнаа со дронови во Белгород.

Во услови на нова ескалација, Киев предупредува дека Москва се подготвува за нови воени потези. Киев дополнително информира и за ново распоредување на севернокорејски војници во Русија.

„Според нашите информации, Русија одлучила да распореди дополнителни 30 до 50 илјади војници од Северна Кореја на своја територија за да учествуваат во воени операции. Во исто време, Путин бара начини да го измами сопствениот народ за да спроведе масовна мобилизација, без официјално да ја објави. Русија не се откажала од својата цел за целосно освојување на Донбас и ќе продолжи да ги искривува договорите со САД. Но Украина нема да се откаже од своите територии и од својот народ“, изјави украинскиот претседател Зеленски.