Македонија

Одбележување 25 години од Љуботенски бачила

10.08.2026 08:43

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положи венци со свежо цвеќе во спомен на осумте припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила...

Делегација од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана предводена од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе положи венци со свежо цвеќе во спомен на осумте припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Почит ќе им биде оддадена и на спомен обележјето на паднатиот бранител Томислав Настевски во општина Ѓорче Петров, споменик на паднатите бранители во село Волково, споменикот на загинати бранители во село Љубанци и на спомен-плочата во касарната „Илинден“.

Ќе се одржи и комеморативни манифестации по повод 25 години од загинувањето на македонските бранители кај месноста љуботенски бачила во организација на општина Ѓорче Петров.