Трамп: Не придаваме преголемо значење за повторно отворање на Ормускиот теснец
Коментарите доаѓаат откако Иран постави нови услови за отворање на теснецот и порача дека нема да продолжи со преговорите додека не престанат американските прекршувања.

Американскиот претседател Доналд Трамп ја намалува важноста на повторното отворање на Ормускиот теснец, додека изостанува дипломатскиот договор со Иран. Американскиот претседател најави зголемен економски притисок, наместо нова голема воена офанзива, оценувајќи дека преговорите со Техеран се одвиваат „половично“.
Коментарите доаѓаат откако Иран постави нови услови за отворање на теснецот и порача дека нема да продолжи со преговорите додека не престанат американските прекршувања.
Во меѓувреме, Израел го отфрла планот на Трамп за Газа сè додека Хамас не биде разоружан, предупреди и дека нема да дозволи Иран да се здобие со нуклеарно оружје.
Тензиите продолжуваат и во Јемен, додека во Иран се појави првата снимка од врховниот лидер Моџтаба Хамнеи по шпекулациите за неговата здравствена состојба.
