Дваесетина случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба
Дваесетина лабораториски потврдени случаи на западнонилска треска се регистрирани во земјава. 17 пациенти се хоспитализирани, а тројца со тешка форма на болеста се во критична состојба и се приклучени на респиратор.

Дваесетина лабораториски потврдени случаи со западнонилска треска во земјава. Поголем дел од нив не развивале никакви симптоми, мал дел имале лесна клиничка слика проследена со нејасна температура, досега кај тројца пациенти се јавила тешка форма на болеста, и натаму се во критична состојба, приклучени на респиратор. 17 се хоспитализирани.
Покрај личната заштита од комарци, доколку и локалните мерки со вонредни прскања не дадат ефект и бројот на болни продолжи да расте, експерти епидемиолози посочуваат дека потребно е да се прогласи епидемија во скопските региони каде има повеќе заразени.
