Нови шест странски инвестиции – 3200 работни места
Невработеноста во вториот квартал се намали на 28, 2 проценти и е на историски најниско ниво во изминатите 18 месеци. Стапката на вработеност се позиционира на 41,1 насто ...

За 100 дена 670 проекти, 116 завршени, 554 во фаза на реализација. Работевме со жестоко темпо со конкрентни рокови дела и буџет за остварување на програмата - отчет на премирот Груевски. И покрај последиците од европската криза, Македонија бележи највисок раст на економијата во Европа. Локомотива капиталните инвестиции на буџетот и извозот на фирмите од индустриските зони.
„Во вториот квартал од 2014 имаме растна БДП од 4,3 отсто, а во првиот квартал од 3,5 отсто. Во овој период интензивно се реализираат крупни инфраструктурни проекти во патната инфраструткура, железничката инфраструктура, во образованието, во здравството, енергетиката и во други области. Мерките што ги презедовме ја постигнаа целта и обезбедија работа за градежништвто и на други 20 индустриски гранки“, рече Претседателот на владата, Никола Груевски.
Невработеноста во вториот квартал се намали на 28, 2 проценти и е на историски најниско ниво во изминатите 18 месеци. Стапката на вработеност се позиционира на 41,1 насто – рече Груевски. 17 објавени пред изборите, нови шест компании најавија бизнис во Македонија - италијански Монтанте груп фабрика за амортизери за тешки возила, турски Мач груп ќе гради откупен центар и Демпо груп фабрика за амбалажа и за мермер и мозаици, планира 400 вработувања. Турската инвестиција Смирна купува земјоделско земјиште, од Битола ќе се шири во Могила и Новаци. Ќе гради и откупни центри. И ОХИ Груп Турција објави ќе отвори фабрика за гуми и лепила, Пролајн ќе инвестира во капацитет за пластика во вредност од најмалку три милион евра.
Првиот човек на владата најави, уште две компании најавиле проширување на произвоството, Гришко со трета фаза. Интерни одлуки за вложување во Македонија од уште шест нови, ќе отворат најмалку 3200 нови работни места.
“Германска компанија има интерна одлука да инвестира во ТИРЗ Скопје – 2, во фабрика за производство на електрични уреди. Глобална корпорација од САД од автомобилската индустрија има донесено одлука за инвестирање во ТИРЗ Скопје – 1, вкупната инвестиција ќе изнесува околу 15 милиони евра и планираат отворање на вкупно 417 нови работни места до крајот на 2016. Трето, компанија од Турција има донесено одлука да инвестира во Македонија во капацитети за производство на прехрамбени производи. Американска глобална компанија од секоторт за аутсорсинг, реши да се прошири во Македонија. Мешовита американско-западноевропска компанија има донесено интерна одлука да инвестира во прилепско-мариовскиот регион, оваа инвестиција би имала најмалку илјада вработувања во Прилеп и целата околина. Компанија со седиште во САД има донесено интерна одлука да инвестира во Македонија и да отвори капацитети во Скопје и Битола со предвиден 2000 илјади нови работни места“, рече премиерот Груевски.
Градежништвото има раст од 5 ,6 проценти, интензивно се работи на изградбата на трите делници , Демир Капија Смоквица, Миладиновци Штип, Кичево Охрид Македонија е умерено задолжена земја во Европа – наглси Премиерот во отчетот 100 дена од работењето на владата
Сузана Фиданска Стоевска
