Македонија
ЦУК: Под контрола пожарот кај Крива Паланка, останатите се изгаснати
10.08.2026 09:05
Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата.

Вкупно 26 пожари на отворен простор се регистрирани во земјава во изминатите 24 часа, од кои нема активни, под контрола е еден, а 25 пожари се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи.
Под контрола е пожарот на излез од Крива Паланка, кај депонијата. Останатите пожари се изгаснати.
Од ЦУК предупредуваат дека поради пораст на дневните температури, постои висок ризикт од пожари во источна, централна и јужна Македонија. Апелираат до граѓаните на одговорно однесување во природа.
