Над 300.000 семејства во Одеса останаа без струја, Зеленски најави одговор на руските напади
Зеленски најави и нови дипломатски контакти со посредници и партнери, како и разговори за дополнителни системи за воздушна одбрана за Украина

Русија и Украина продолжуваат со меѓусебни напади додека бројот на жртви и повредени расте и на двете страни. Над 300 илјади семејства останаа без струја по синоќешните руски napaди врз Одеса. Киев најави одговор.
„Секој руски напад ќе добие одговор од нас. Руската војна сè повеќе ќе се чувствува дома, во Русија. Операцијата против рускиот сектор за преработка на нафта продолжува, а последиците веќе се чувствуваат“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски најави и нови дипломатски контакти со посредници и партнери, како и разговори за дополнителни системи за воздушна одбрана за Украина.
Претходно, украинскиот претседател предупреди дека Москва се подготвува за нови воени потези и ново распоредување на севернокорејски војници во Русија. Папата Лав повторно повика на прекин на огнот, нагласувајќи дека невини луѓе се убиваат во војната.
