Кина

Тајфунот „Делфин“ ја погоди Кина, евакуирани над милион луѓе

10.08.2026 16:47

Во Шангај се откажани околу 1.500 летови, а прекинати се и бројни поморски линии и градежни активности.

Тајфунот „Делфин“, најсилниот тропски циклон годинава, го погоди источниот брег на Кина со ветрови од 151 километар на час и обилни дождови.

Над еден милион луѓе се евакуирани, а најголем дел од нив во покраината Жеџијанг.

Во Шангај се откажани околу 1.500 летови, а прекинати се и бројни поморски линии и градежни активности. Властите предупредуваат на опасност од поплави и лизгање на земјиштето.

Претходно тајфунот силно го погоди јапонскиот остров Окинава, каде седум лица беа полесно повредени.