Водовод

Водата за пиење во Скопје е безбедна и квалитетна

10.08.2026 10:10

Водата за пиење во Скопје е безбедна и ги исполнува законските стандарди, покажуваат најновите лабораториски анализи на ЈП „Водовод и канализација“. Во периодот од 4 до 7 август биле земени 162 примероци за физичко-хемиска и исто толку за микробиолошка анализа од 45 мерни места во градот, а сите примероци ги исполнуваат пропишаните критериуми.

Водата за пиење во Скопје е безбедна и соодветна за употреба, покажува неделниот лабораториски извештај на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Секторот за санитарна контрола во периодот од 4 до 7 август зел вкупно 162 примероци за физичко-хемиска и 162 примероци за микробиолошка анализа на водата за пиење.

Испитувањата биле спроведени на 45 мерни места на територијата на Град Скопје.

„Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење“, информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од претпријатието посочуваат дека извештајот се објавува со цел граѓаните редовно да бидат информирани за квалитетот и безбедноста на водата за пиење во главниот град.