џиу-џица

Ацевска со сребро на Светското првенство во Абу Даби

10.08.2026 11:08

Ацевска освои сребрен медал на Светското првенство во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати. Ацевска го повтори успехот од минатото Светско првенство во Бангкок, Тајланд, каде што исто така заврши на второто место.

Македонската натпреварувачка Катерина Ацевска освои сребрен медал на Светското првенство во Абу Даби, Обединети Арапски Емирати.

Ацевска го повтори успехот од минатото Светско првенство во Бангкок, Тајланд, каде што исто така заврши на второто место.

Во категоријата над 70 килограми, до златниот медал стигна Алина Сударикова од Индивидуалните неутрални спортисти, додека бронзените медали ги освои Кулан Батбаатар од Монголија.

Секој освоен бод е од особено значење за Светската ранг-листа и за задржување на првата позиција. Големиот успех Катерина го прослави со својот тренер Александар Ацевски, кој не ги криеше солзите радосници.

„Фала му на Бога, успеавме. Доживеавме мала повреда во борбата со Монголката, но за среќа не е сериозна. Катерина беше на нивото на својата задача. Останува да ги анализираме борбите, особено двете изгубени. Утре ќе можам пред Федерацијата да дадам целосен преглед на сите борби“, изјави Ацевски за Македонската џиу-џица федерација.

Од Федерацијата упатија искрени честитки за големиот успех, истакнувајќи ја посветеноста и жртвата на Ацевска. Целото лето го помина во интензивни тренинзи, а вложениот труд се исплатеше со ново светско одличје.

Ацевска и понатаму е една од најмладите натпреварувачки во својата категорија, но веќе е меѓу најдобрите во светот.

 

 

 

 

 

Фото   :/ Facebook