Здравје

Сливите – вкусно овошје со бројни придобивки за здравјето

10.08.2026 11:49

Сезонското овошје е богато со растителни влакна, витамини и минерали, а може да има позитивно влијание врз шеќерот во крвта, коските, срцето и холестеролот. Сливите се сметаат и за сојузник на здравјето на кожата.

Сливите имаат низок гликемиски индекс и се богати со растителни влакна, што може да придонесе за подобра контрола на нивото на шеќер во крвта. Содржат и лутеин, антиоксиданс кој се поврзува со поволно влијание врз метаболизмот на глукозата и мастите.

Ова овошје е извор на витамини Ц, Б6, Б2, Б3 и К, како и на калиум, бакар, магнезиум, железо и калциум. Редовното консумирање сливи се поврзува и со подобрување на здравјето на коските.

Поради содржината на калиум, сливите можат да придонесат и за одржување на нормален крвен притисок и здравјето на срцето. Растителните влакна, пак, можат да помогнат во регулирањето на холестеролот и здравјето на дигестивниот систем.

Покрај здравствените придобивки, сливите содржат антиоксиданси кои помагаат во заштитата на клетките од оксидативен стрес, а токму поради тоа често се посочуваат и како овошје кое може да придонесе за одржување на здрава кожа.