Зголемен бројот на пациенти со мозочен удар во Штип
Зголемен е бројот на пациенти со мозочен удар во Штипската болница. Одделот за неврологија е скоро целосно пополнет. Зголемен е бројот на пациенти со стомачни проблеми, вртоглавици, колапси и варирање на крвниот притисок во лекарските ординации…

Над 90 насто и исполнет капацитетот на одделението за неврологија во КБ Штип. Топлотниот бран е причина за мозочни удари. Најмладиот пациент е на возраст од 38 години.
Зголемен е бројот на пациенти во сите лекарски ординации. Најпогодени се лицата со хронични болести, трудниците и оние кои работат на отворено.
Во зголемен ризик по здравјето се лицата кои живеат сами. Од Институтот за јавно здравје препорачуваат во овие периоди да се одржува редовна комуникација со блиските лица, со цел навремено препознавање на евентуални промени во здравствената состојба и обезбедување помош.
Славица Величковска
