Одбележување

Мицкоски: Жртвата на бранителите е траен потсетник дека мирот има своја цена

10.08.2026 17:35

Македонија се сеќава на осумте бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина, изјави Мицкоски...

Жртвата на бранителите е траен потсетник дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена – ова е пораката што на денот кога ја одбележуваме годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила ја испрати премиерот Мицкоски.

Тој вели, Македонија се сеќава на осумте бранители кои ги положија своите животи за мирот и безбедноста на својата татковина.

„Денес со длабока почит се поклонуваме пред нивната жртва и пред нивните семејства, кои 25 години ја носат болката од загубата на своите најмили. Наш долг е да го негуваме споменот, да ја почитуваме нивната храброст и да ја пренесуваме нивната приказна на идните генерации“, порача премиерот Мицкоски.