25 години од масакрот кај Љуботенски бачила
Македонија се сеќава на бранителите. Одбележани 25 години од гибелта на осуммината припадници на Армијата кај месноста Љуботенски бачила, каде воено товарно возило на АРМ нагази на две противтенковски мини. Делегации од војската и Министерството за одбрана оддадоа почит пред спомен – обележјата на паднатите херои.

25 години со болка и празнина живеат семејствата на осуммината загинати бранители, чиишто животи згаснаа на 10 август 2001-та кај месноста Љуботенски бачила, каде воено товарно возило нагази на две противтенковски мини.
„Македонија се сеќава – оддадена почит на загинатите припадници на резервниот состав на Армијата пред спомен-обележјата во Ѓорче Петров, Волково, Љубанци и во касарната Илинден. Здруженијата на бранители побараа државата да направи повеќе за семејствата на хероите, кои своите животи ги положија во одбрана на татковината.
„10 август не е само датум, тоа ден кога Македонија молчи од почит и кога се поклонува пред своите херои, ден кога со гордост и благодарност се сеќава на своите бранители. Нивниот пример нека биде наш патоказ, а нивната храброст инспирација за секоја нова, сегашна и идна генерација“, рече градоначалникот на Ѓорче Петров.
Почит на загинатите бранителите им одадоа претставници од Генералштабот на Армијата и на Министерството за одбрана, како и владини претставници. На поменот присуствуваа и претставници од здруженијата на бранители, како и други делегации.
Игор Панов
