РКЕ
Пониска цена на горивата од полноќ – дизелот поевтин за 8 денари
10.08.2026 12:50
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новите цени ќе важат од полноќ.

Бензините „Еуросупер БС-95“ и „Еуросупер БС-98“ поевтинуваат за 4 денари и од утре ќе се продаваат по 87 и 89 денари за литар.
Дизелот се намалува за 8 денари и новата максимална цена ќе изнесува 91,5 денари за литар. Екстра лесното масло поевтинува за 6 денари, на 92,50 денари за литар, додека мазутот се намалува за 2,881 денар за килограм и ќе чини 43,538 денари.
Од РКЕ посочуваат дека намалувањето е резултат на падот на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар.
