УХМР

Високи температури следните два дена, од четврток мало освежување

10.08.2026 17:20

Сончево и многу топло време ќе се задржи утре и во среда, со мала до умерена облачност и северен ветер. Од четврток следува промена на времето – наместа се очекуваат пороен дожд, засилен ветер и грмежи, а повремено и невреме.

Утре времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен.

Во Скопје се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер.

Според прогнозата на УХМР, и во среда ќе се задржи топлото и сончево време. Но, од четврток и петок се очекува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме, а температурите ќе опаднат за неколку степени.