Мегдан на шампионот и вицешампионот
Нов ден за мак-фудбалот. Македонските прволигаши деветти пат ќе истрчаат во борба за првенствените бодови. Според моментниот редослед на табелата и од аспект на клупското минато, натпреварот меѓу Вардар и Силекс е дербито на колото. Но, ако сеќавањето го вратиме само неколку месеци наназад на завршницата од минатото првенство, на површина избива судирот во Турново меѓу вицешампионот и шампионот, меѓу Хоризонт и Работнички. Во новото првенство не им цветаат ланските рози!

Нов ден за мак-фудбалот. Македонските прволигаши деветти пат ќе истрчаат во борба за првенствените бодови. Според моментниот редослед на табелата и од аспект на клупското минато, натпреварот меѓу Вардар и Силекс е дербито на колото. Но, ако сеќавањето го вратиме само неколку месеци наназад на завршницата од минатото првенство, на површина избива судирот во Турново меѓу вицешампионот и шампионот, меѓу Хоризонт и Работнички. Во новото првенство не им цветаат ланските рози! Хоризонт е петти на табелата, Работнички е поблиску до дното одошто до врвот, дури на седмото место со осум бодови помалку од водечкиот Вардар. Но, ова е само првата ¼ од долгото првенство. Има време за многу бодовни корекции. Хоризонт стартуваше со три порази, за во последните пет натпревари постојано напредува,остварувајќи безмалку бодовен максимум! Работнички е како на нишалка: се крева и паѓа, што е својствено за тим со млади фудбалери, кој сеуште не ја пронашол својата игра. Дваесет пати досега Хоризонт и Работнички се соочувале низ прволигашките сезони. Работнички има пет победи повеќе, но последните две битки ги доби Хоризонт. Ретко овие два тима играат нерешено. Фудбалска провокативност!И денеска се очекува интересно надигрување. Во домашниот состав ќе недостасуваат повредените Ѓоргиев и Ташев, но се враќаат „поцрвенетите“ од минатото коло Стојчевски и Најденов. Работнички комплетен ќе истрча на „Кукуш“.
Прва лига-9 коло-недела :15.30 часот
Шкендија-Тетекс
Брегалница-Пелистер
Вардар-Силекс
Металург-Ренова
Хоризонт-Работнички -МРТ пренос
Табела:
1.Вардар 18
2.Пелистер 14
3.Металург 14
4.Силекс 13
5.Хоризонт 13
6.Шкендија 12
7.Работнички 10
8.Ренова 9
9.Брегалница 4
10.Тетекс 2
