ЦУК: Три активни пожари во земјава, два под контрола
Активни се пожарите во село Лакавица во Општина Штип, каде гори ниска вегетација, во месноста Видуш, во близина на село Драгов Дол во Општина Македонски Брод, каде се зафатени сува трева, нискостеблеста шума и грмушки, како и на воениот полигон Криволак во Општина Неготино, каде гори ниска вегетација.

До 13 часот денеска се регистрирани седум пожари на отворен простор, од кои три се активни, два се ставени под контрола, а два се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Активни се пожарите во село Лакавица во Општина Штип, каде гори ниска вегетација, во месноста Видуш, во близина на село Драгов Дол во Општина Македонски Брод, каде се зафатени сува трева, нискостеблеста шума и грмушки, како и на воениот полигон Криволак во Општина Неготино, каде гори ниска вегетација.
Под контрола се пожарите на излезот од Крива Паланка, каде гори депонија, и на градската депонија во Делчево.
Изгаснати се пожарите на патот пред РЕК Битола во Општина Новаци, каде горела ниска вегетација, и во месноста Кулата во Велес, каде биле зафатени нискостеблеста поретка шума и сува трева.
