ЦУК

Висок ризик од пожари на речиси целата територија на Македонија

10.08.2026 17:42

Според податоците, исклучок се само повисоките делови на Шара, каде што индексот е понизок.

Речиси целата територија на Македонија е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, покажува последниот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари – МКФФИС.

Според податоците, исклучок се само повисоките делови на Шара, каде што индексот е понизок.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамет Али, предупредува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс, ризикот од појава на пожари на отворен простор и шумски пожари со висок интензитет е присутен на целата територија на државата.