15 лица лишени од слобода за безобѕирно управување со возило
Меѓу нив и тројца малолетници кои возеле без возачка дозвола...

Петнаесет лица се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, информира Министерството за внатрешни работи.
Од приведените, 10 лица управувале возило без возачка дозвола, меѓу кои и тројца малолетници. Две лица возеле под дејство на алкохол, едно управувало возило и покрај активна забрана, додека две лица биле затекнати како возат без дозвола и под дејство на алкохол.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
Министерството повторно апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да не управуваат возило без возачка дозвола, за време на изречена забрана или под дејство на алкохол.
