Жештините не попуштаат, ИЈЗ со препораки како да се заштитиме од топлотен удар
Избегнувајте физичка активност од 11 до 17 часот, пијте што повеќе вода и носете лесна и светла облека – ова се дел од препораките на Институтот за јавно здравје поради топлотниот бран. Лекарите предупредуваат граѓаните да ги препознаваат симптомите на топлотен удар и да бидат особено внимателни со најранливите категории …

Во овие услови на топлотен бран, сите граѓани на Македонија мора да ги почитуваат општите препораки на здравствените власти, апелираат од Институтот за јавно здравје. Прва и основна е препораката да се избегнува тешка физичка активност во периодот кога е најтопло, односно од 11 до 17 часот, а особено на отворено.
Доколку изложеноста е неопходна пак, потребно е да се прават што е можно повеќе паузи. Околу храната и пијалаците пак, препорачливо е да се избегнува мрсна или храна со големи количества на шеќери и наместо тоа, да се консумира лесна храна и што е можно повеќе вода.
Здравствените власти со препорака и да се носи лесна светла облека, заштитни очила и шапки, а на кожата да се нанесуваат средства со заштитен фактор.
Освен општите, постојат и дополнителни препораки, кои се однесуваат пред сè на повозрасните, бремените жени и хронично болните, вели доктор Давид Здравески.
Здравески апелира, граѓаните да бидат внимателни и да ги препознаваат симптомите на евентуален топлотен удар.
Препораки има и за одржувањето на температурата во затворениот простор. Доколу надворешната температура е под 35 степени, освен клима-уред, може да се користи и вентилатор.
Но, доколу температурата е повисока, треба да се користи исклучиво клима-уред, а прозорите да бидат затворени до 17 часот.
Марија Котовска
