Куманово

Двегодишно дете се затруло со лекови

10.08.2026 17:48

Вчера во болницата е донесено двегодишно дете, кое се затруло со лекови. Третирано е во одделението за педијатрија, а откако му била укажана медицинска помош...

Нов случај на затруено дете во Куманово. Вчера во болницата е донесено двегодишно дете, кое се затруло со лекови. Третирано е во одделението за педијатрија, а откако му била укажана медицинска помош, детето денеска е пуштено на домашно лекување.

Ова е втор случај за две недели. Претходниот пат, двегодишно дете од Куманово заврши на Детската клиника откако испи средство за разредување боја.